Од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп денеска реагираа на прес конференција на претседателот на О.О. на СДСМ Прилеп, Сашо Велески, кој изјави ВМРО-ДПМНЕ да не се осуделе да купуваат гласови на изборите. Од ВМРО-ДПМНЕ пак му одговорија истата порака Велески да ја упател до членовите на СДС.
Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ ја пренесуваме во целот.
„Денес Сашо Велески од редовите на СДС одржа прес конференција во која повикува да не се употребувале методи на купување гласови, нудење мито, упатување закани и уцени до гласачите.
Ние како ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, го поддржуваме во кажаното и го охрабруваме истата порака да ја упати до членовите на СДС, кои во 2005-та година во Сточен Пазар полнеа кутии, за да истиот тој Сашо Велески биде директор на Регионална депонија. Во прилог на неговиот прес, даваме поддршка истото да им го пренесе и на Живко Силјаноски, Светлана Велеска и други лица од Агенцијата за вработување, кои се ставија во улога на партиски послушници.
Народот нема да потклекне пред вашите притисоци. На 15-ти октомври, ќе гласа за уште една победа на Марјан Ристески и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.“