Со филмот „Tschik“ ( Чик ) синоќа во киното „Мис Стон“ започна Фестивалот на новиот германски филм во Прилеп. На отворањето присуствуваа и претставници од Германската амбасада.
Фестивалот продолжува денеска и утре, а на програмата се следните филмови :
Петок, 13.10.2017
- „Тони Ердман“ режија Марен Аде, трагикомедија. За публика од над 12 години. Добитник на германската филмска награда 2017 , златна награда во категориите – „најдобар игран филм, најдобра режија, најдобра женска и машка главна улога, најдобро сценарио“, Европска фимсла награда 2016, Номинација за оскар за 2017 – Најдобар филм од неанглиско говорно подарчје“, Номинација за Златен глобус 2017. Во00 часот.
- „Херберт“, режија Томас Штубер, драма. Силна трогателна приказна, автентична драма за еден боксер и неговата последна борба. Добитник на германската филмска награда 2016 , сребрена награда во категориите ,, најдобар игран филм и најдобра машка улога. Во 20 часот.
Сабота, 14.10.2017
- „Авантурата на Нели“, детски филм, режија Доминик Весели. Забавен филм за целото семејство, пледоаје за соживотот и храброста да се бранат сопствените убедувања“. Добитник на германската филмска музичка награда за 2016. Во 16 часот.
- „На иста висина“, филм за младинци, режија Јоаким Долхопф, Ефи Голдбрунер. Во 18.00 часот
- „24 недели“, драма во режија на Ане Зохра Берахед. Наменето за публика од над 12 години. „Радикален филм, нефер, трауматизирачки, неверојатно тажен , искрен и добар“. Добитник на Германската филмска награда за 2017 – сребрена награда во категоријата за најдобар игран филм. во 20 часот.