Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во соопштение го поздрави потегот на САД да се откажат од членството во УНЕСКО и најави дека и Израел се подготвува за тој чекор.
„Премиерот Нетанјаху побара од Министерството за надворешни работи да подготви се што е потребно за државата да се повлече од членството во УНЕСКО, по чекорот што го презеде САД, соопштија од кабинетот на Нетанјаху.
И САД и Израел го напуштаат УНЕСКО поради како што наведуваат „антиизраелските“ ставови на организацијата.