Албанија призна постоење на бугарско малцинство

Facebook
Twitter
Email
Print

Албанија го усвои Законот за заштита на малцинствата со 102 гласа „ЗА”, 10 „Против” и еден воздржан и со ова го призна и бугарското малцинство во земјата.

 

Според премиерот Еди Рама, ова е пример за другите земји за почитување на малцинствата.

 

„Новиот закон го прави овој парламент горд, а другите земји околу нас можат да научат од него како се почитуваат малцинствата”, рече албанскиот премиер.

 

Министерот за надворешни работа Дитмир Бушати, изјави дека документот воопшто не врши дискриминација на малцинствата, туку ја покажува вистинската слика во Албанија.

 

Албанија признава 8 малцинства – Македонци, Власи, Грци, Египќани, Срби, Бошњаци, Црногорци и Роми а со новиот законскит текст е внесено е постоењето и на бугарско национално малцинство.

 

Претседателот на македонското друштво „Илинден“ Никола Ѓурѓај во изјава за МИА рече дека е незадоволен од ваквиот однос на албанските власти, дека Албанците попуштиле пред заканите на Бугарија за вето за започнување на преговорите за членство со ЕУ. Според него, овој договор бил „геноцид врз Македонците и деформација на историјата”.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи