ВИДЕО : Навреме и без проблеми се отворени сите гласачки места во Прилеп

Утрово точно во 7 часот навреме беа отворени сите 142 избирачки места во Општина Прилеп. 64.924 граѓани денеска ќе можат да го остварат своето право на глас, избирајќи помеѓу 2-јца кандидати за градоначалник и 3 советнички листи. Претседателката на ОИК, Каролина Шукуроска вели дека изборниот процес засега тече нормално.

 

 

„Во Прилеп отворени се сите гласачки места, според досегашните иинформации гласачкиот процес се одвива непреченo и немаме информации за било какви нарушувања“, вели Каролина Шукуроска, претседателката на ОИК во Прилеп.

 

„Гласачкото место 1403 е отворено точно навреме во 7 часот, гласањето ќе се одвива до 19 часот, а на ова избирачко место ќе гласаат 771 лица“, кажа Ангелка Бајракоскка, претседател на избирачко место 1403.

 

Граѓаните велат дека очекуваат мирни, фер и демократски избори.

 

„Го остваривме своето право на глас, очекуваме мирни, фер и демократски избори и да победи подобриот“, рекоа дел од анкетираните граѓани.

 

Гласањето навреме започна и на сите 13 избирачки места во Општина Кривогаштани каде се запишани вкупно 4.858 граѓани кои ќе се определуваат за еден од 2-јцата кандидати за градоначалник и за една од 3-те советнички листи.

 

Во Крушево своето право на глас денеска ќе може да го остварат 8.064 избирачи на 22 гласачки места кои ќе одлучуваат за еден од 2-јцата кандидати за градоначалник и за една од 7-те советнички листи.

 

Гласањето засега мирно се одвива и навреме се отворени 40-те избирачки места

во општина Долнени каде денеска ќе гласаат 11.520 граѓани со право на глас, кои ќе одбираат помеѓу еден од 7-те кандидати за градоначалник и за една од 9-те советнички листи.

 

Гласачките места навреме се отворени и во Македонски Брод. 5.258 избирачи

таму ќе гласаат на 45 избирачки места. Ќе се избира помеѓу 4 кандидати за градоначалник и 15 советнички листи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien