Излезеноста во Прилеп до 13 часот е 37,73 %

Од Општинската изборна комисија во Прилеп информираат дека до 13 часот излезеноста на граѓаните е 37,73 %. Инаку 64.924 граѓани денеска во Општина Прилеп ќе можат да го остварат своето право на глас, на 142 избирачки места, избирајќи помеѓу 2-јца кандидати за градоначалник и 3 советнички листи.

 

Излезеноста на граѓаните до 13 часот во Крушево била 38,10%. Таму 8.064 граѓани гласаат на 22 избирачки места и одлучуваат за еден од 2-јцата кандидати за градоначалник и за една од 7-те советнички листи.

 

Во Општина Кривогаштани излезеноста до 13 часот е 26,60%. 13 избирачки места во Општина Кривогаштани каде се запишани вкупно 4.858 граѓании, на 13 избиррачки места, гласаат еден од 2-јцата кандидати за градоначалник и за една од 3-те советнички листи.

 

Во Општина Долнени излезеноста до 13 часот е 17,87 %. Таму на 40-те избирачки места, гласаат 11.520 граѓани со право на глас, кои ќе одбираат помеѓу еден од 7-те кандидати за градоначалник и за една од 9-те советнички листи.

 

 

До 13 часот излезеноста во Македонски Брод е 35,72%. 5.258 граѓани таму ќе гласаат на 45 избирачки места и ќе избираат помеѓу 4 кандидати за градоначалник и 15 советнички листи.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.