Катастрофа на Антарктикот: 40 000 млади пингвини умреле од глад

Facebook
Twitter
Email
Print

Само две живи младенчиња биле пронајдени живи, во колонија од 40 000 Аделијски пингвини на Антарктикот, што преставува катастрофа која според научниците може да го загрози целиот вид.

 

По втор пат во последниве четири години Аделијските пингвини доживуваат тежок удар врз нивната популација. Француските истражувачи пронашле само две живи младенчиња на островот Петрелс и околу 18 000 парови на возрасни пингвини со нивните неизведени јајца и изгладнети до смрт младенчиња.

 

Колонијата доживеала слична судбина пред четири години, кога не преживеало ниедно младенче. Имено, поради необично големата количина на мраз поради климатските промени во регионот наречен Аделијска земја, пингвините биле принудени да преминат и дополнителни 100 километри во потрага по храна, што ја предизвикало и овогодишната катастрофа.

 

„Во моментот мразот во морето се зголемува и тоа преставува проблем за овој вид, бидејќи го оддалечува местото на хранење, од местото каде што пингвините ги положуваат своите јајца. Ќе помогне многу доколку мразот се намали, но доколку пак се намали повеќе од потребното, синџирот на исхрана од кој што се зависни пингвините ќе биде променет. Односно, количината на мраз мора да биде на оптимално ниво, за овој вид да опстане“, изјави лидерот на францускиот Национален центар за научни истражувања, Јан Роперт Кудер.

 

Популацијата на Аделијските пингвини веќе е доведена во опасност. Според некои научници тие можат целосно да исчезнат од живиот свет на Антарктикот, како поради климатските промени, така и поради голем број на други опасности предизвикани од чевекот, како што се риболовот и туризмот.

 

Следната недела на седница на Организацијата за конзервација и заштита на живиот свет на Антарктикот на која што ќе присуствуваат 24 земји, при Европската Унија, научниците се подготвуваат да побараат заштитна зона на Источен Антарктик каде што птиците живеат и се хранат, со цел нивна заштита.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи