Истекува рокот за разјаснување дали Каталонија прогласи независност

Каталонскиот претседател Карлес Пуџдемон не потврди дали официјално прогласил независност за време на минатонеделниот говор во парламентот. Во писмо испратено до шпанскиот премиер Маријано Рахој, бара уште два месеца одлагање на прогласувањето независност за да се разговора со централната Влада.

 

Во писмото на четири страници каталонскиот лидер вели дека мора да престане репресијата над каталонскиот народ и повикува на одржување состанок со шпанскиот премиер Маријано Рахој на кој би разговарале за ситуацијата со Каталонија.

 

Пуџдемон рече дека Каталонија пристапува кон прогласување независност, но предложи замрзнување на тоа прогласување за неколку недели за да се овозможи дијалог за посредување со шпанската влада.

 

Од друга страна, шпанскиот министер за правда Рафаел Катала изјави дека одговорот на каталонскиот лидер на повикот од шпанската влада за тоа дали прогласил независност, не е валиден, јавува шпанската агенција Ефе. Заменичката на шпанскиот премир Сораја Саенс де Сантамарија изјави дека каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон мора да одговори со „да“ или „не“ на барањата од Мадрид – да разјасни дали прогласил независност на Каталонија

 

„Тоа е едноставно – да или не. Во рацете на Пуџдемон е да избегне вонредни мерки од централната влада и да ја надмине општествената поделба“, нагласи таа.

 

Каталонската сепаратистичка група Асамблеа Насионал Каталана го повика Пуџдемон да ги игнорира предупредувањата од централната влада и дефинитивно да прогласи независност истакнувајќи дека понатамошно суспендирање на прогласувањето „нема смисла“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien