Македонската фудбалска репрезентација бележи скок од дури 18 места на најновата ФИФА рејтинг листа објавена денеска. Македонија сега се наоѓа на 85-тата позиција со 410 поени.
Прогресот на „црвено-жолтите“ се должи на ремито со Италија (1:1) во Торино и победата над Лихтенштајн (4:0).
Ова претставува најдобар пласман на листата за нашата репрезентација по август 2014 година кога бевме на 76. позиција.
Добриот рејтинг ни донесе и ноистелско место во Лигата на Нациите преку која можеме да обезбедиме директен пласман на следното Европско првенство.
Следното рангирање Светската фудбалска асоцијација ќе го изврши на 23 ноември.