Курц и Народната партија победија на парламентарните избори во Австрија

Facebook
Twitter
Email
Print

Себастијан Курц прогласи победа на парламентарните избори и потенцираше дека не ја отфрла можноста за формирање на малцинска влада откако ќе бидат објавени конечните резултати. Вети дека ќе ја задржи проевропската ориентираност во политиката. Со тоа тој стана најмладиот шеф на влада во Европа.

 

По пребројувањето на сите гласачки ливчиња, Курц прогласи победа, наведувајќи дека неговата конзервативна партија триумфирала над социјалдемократите, што се случило само два пати по Втората светска војна. Австриската народна партија освои над 31 насто, односно 7 проценти повеќе отколку што имаше на претходните избори во 2013 година. На второ место е евроскептичната десничарска Слободарска партија со над 27 проценти, а на трето место Социјладемократската партија на канцеларот Кристијан Керн со над 26 проценти од гласовите.

 

Се очекува дека кознервативно-десничарската влада предводена од Себастијан Курц ќе зазема многу поостар став околу бегалските политики и со тоа ќе стане противтежа на германската канцеларка Ангела Меркел, којашто е заговорник на полиберална бегалска политика.

 

„Нормално е да бидат потребни промени во Унијата, но во позитивна, проевропска насока. Во последните години, како министер, се обидував да ја формирам Европската унија, а сега кога имам поголема поддршка од гласачите, имам и повеќе сила да продолжам по тој пат. И натаму нема да бидам за прием на Турција, ниту пак ќе ја сменам политиката за беаглците, но ќе останам проевропски ориентиран политичар“, изјави Курц.

 

Парламентарните избори во Австрија требаше да се одржат дури следната 2018 година, но предвремените избори беа распишани откако Себастијан Курц во мај годинава ја растури досегашната коалиција со социјалдемократите. Националниот совет во Австрија се бира со мандат од пет години.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи