Лионел Меси имаше фантастична недела во која успеа да ја спаси Аргентина и со хет-трик против Еквадор да ја донесе до Светското првенство во Русија во 2018, а сега неделата ја заврши со одлична вест – со сопругата Антонела Рокуцо го очекуваат своето трето дете.
Двојката веќе има два сина, Матео и Тијаго, и прашањето е дали сега конечно ќе добијат девојче. Антонела Рокуцо ја објави веста на „Инстаграм“ со одлична фотографија на која нејзините момчиња го допираат стомакот додавајќи „семејство од пет“.
И главниот ривал на ѕвездата на Барселона, Кристијано Роналдо, исто така очекува принова во семејството – неговата девојка Георгина Родригез го очекува четвртото дете на Роналдо.