Хрватска ја доби Грција, Италија против Шведска во баражот за СП 2018!

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Денес во седиштето на ФИФА, Цирих беше одржан жребот за баражните двојки за Светското првенство во Русија. Топчињата од садот ги влечеше легендата на Реал Мадрид и шпанскиот фудбал, Фернандо Јеро.

 

Италија како второпласирана од нашата квалификациска група нема да има нималку лесна задача за пласман на СП 2018, откако „аѕурите“ за противник во нокаут фазата ја добија селекцијата на Шведска. Скандинавците ја завршија квалификациската фаза во групата зад Франција, елиминирајќи ја Холандија, па сега ќе се обидат да земат скалп на уште еден фаворит.

 

Хрватска за противник ја доби Грција, балкански дуел во кој „коцкестите“ ќе влезат со улога на фаворити. Северна Ирска ќе игра против Швајцарија, додека Данска за противник ја доби Република Ирска.

 

 

Првите натпревари од баражот за СП 2018 ќе се играат меѓу 9 и 11 ноември, додека реваншите се закажани меѓу 12 и 14, истиот месец.

 

Бараж за СП:
Северна Ирска – Швајцарија
Хрватска – Грција
Данска – Р. Ирска
Шведска – Италија

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи