Шпански борбен авион Ф-18 се урна во близина на Мадрид

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Шпански воен авион од типот Ф-18 се урна при полетување од воената база Торехон де Ардоз, на околу 20 километри од Мадрид, при што загина пилотот. Министерството за одбрана на Шпанија го потврди инцидентот.

 

„Пилотот на авионот загина во несреќата, која што се случи за време на полетувањето“, истакнаа од министерството.

 

Инцидентот се случил денеска кратко време по 11 часот по локално време.

 

 

Ова е втор инцидент за само неколку дена во кој се урива авион на шпанското воено воздухопловство, откако пред само неколку дена „Еурофајтер“ се урнал при слетување во воена база во Албасете, на 300 километри од главниот град, кога исто така пилото загинал на лице место.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи