Во Република Македонија после долг период за првпат имаше фер, регуларни и слободни избори на кои граѓаните гласаа по сопствено убедување и без притисоци. Резултатите покажаа како изгледа Македонија кога граѓаните гласаат слободно и кога целосно се почитува нивната избирачка волја, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.
Според владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ треба да се одважи, да им честита на граѓаните за мирните и фер избори и да го признае изборниот пораз.
„Надлежните институции постапуваат согласно надлежностите и во интерес на сите граѓани. Токму брзата реакција на институциите придонесе за навремено и ефикасно расчистување на малиот број инциденти“, се додава во реакцијата.
147