Северна Кореја: „Во секој момент може да се случи нуклеарна војна“

Facebook
Twitter
Email
Print

Северна Кореја се закани со тотално уништување на САД и го предупреди Доналд Трамп дека треба внимателно да размисли за ужасните последици со кои ќе се соочат САД, со оглед на фактот дека тензиите постојано се зголемуваат.

 

Оваа реакција доаѓа по пристигнувањето на американска нуклеарна подморница од класата „Охајо“, една од најнапредните и најголемите подморници во светот, во Корејскиот залив, како и серијата на воени вежби кои САД ги изведуваат во соработка со Јужна Кореја.

 

Исто така Пјонгјанг ги отфрли и предлозите за дипломатски преговори како решение за настаната криза. Официјален претставник за Северна Кореја изјавил за Си-Ен-Ен дека оваа земја не е заинтересирана за дипломатија сè додека не развие интерконтинентален балистички проектил со кој ќе може да го погоди источниот американски брег.

 

„Пред да започнеме да се занимаваме со дипломатија со администрацијата на Доналд Трамп, сакаме да испратиме јасна порака дека Северна Кореја има сигурна одбранбена способност за спротиставување на било каква агресија од Соединетите Американски Држави“, изјавил претставникот.

 

Критичната ситуација меѓу Северна Кореја ја коментираше и Ким Ин – Рјонг, заменик амбасадор на Северна Кореја во ООН.

 

„Во секој момент може да се случи нуклеарна војна. Ситуацијата на Корејскиот Полуостров достигна критична точка. Ако непријателската политика и нуклеарните закани од САД не бидат темелно искоренети, никогаш нема да се преговара околу нуклеарно оружје и балистички ракети“, изјави Рјонг.

 

Севернокорејскиот дипломат потенцира дека по серијата ракетни лансирања и шестиот нукеларен тест, неговата земја ја минала последната порта на патот кон статусот на нуклеарна сила.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи