Хуманитарна катастрофа: Околу 600 илјади Рохинџа муслимани бегаат од своите домови

Facebook
Twitter
Email
Print

Бројот на припадници од муслиманското малцинство Рохинџа кои од 25 август досега избегаа од Бурма, односно Мјанмар, во соседен Бангладеш се искачи на 582 илјади, соопшти денеска Високиот комесаријат за бегалци на ОН, УНХЦР. Тие предупредија дека неколку илјади бегалци се наоѓаат на границата.

 

За каква хуманитарна катастрофа се работи и кои се размерите на прогонот на Рохинџите, најдобро покажува видеоснимката која е направена со дрон, а ја објавија Обединетите нации.

 

 

На снимката се гледа река луѓе кои се обидуваат да избегаат во соседен Бангладеш. Додека дронот лета над нивните глави, непрегледната колона се обидува да стигне на безбедно. Но кога ќе стигнат во Бангладеш, ги сместуваат во импровизирани и пренатрупани кампови, бидејќи и пред најновиот бран насилство тука веќе биле сместени околу 300.000 Рохинџа муслимани, пренесува Франс прес.

 

Рохинџа бегаат поради судирите со армијата во Мјанмар. Насилството во Мјанмар изби на 25 август кога група бунтовници, припадници на Рохинџа народот, нападна полициски позиции во Мјанмар, а безбедносните сили возвратија. Голем број села се запалени и стотици луѓе загинати, главно Рохинџа муслимани.

 

Припадниците на народот Рохинџа во Мјанмар се сметаат за странци и властите не им даваат државјанство во земјата во која 95 отсто од населението се будисти.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи