Преку 200 000 Каталонци на протест поради апсењето на нивните лидери

На улиците во Барселона синоќа излегоа околу 200.000 луѓе на протести по апсењето на двајца каталонски лидери. Големиот број демонстранти носејќи бели и црвени свеќи извикуваа „Независност“ додека маршираа низ центарот.

 

Жорди Санчез и Жорди Куисарт, лидери на двете сепаратистички групи Асамблеа насионал Каталана (АНЦ) и Омниум културал, се задржани во притвор без можност за плаќање кауција, под истрага за поттикнување на бунт со организирањето на протестите на 20 и 21 септември поради акциите на шпанската полиција насочени против каталонските сепаратисти.

 

 

Портпаролот на каталонската сепаратистичка влада вчера изјави дека апсењата ги покажуваат шпанските институции во полошо светло отколку за време на диктатурата ма режимот на Франко.

 

„Она што на судовите на Франко никогаш не им успеа го прави нивниот судски наследник во 21 век“, кажа портпаролот и министер во каталонската влада Жорди Турули по состанокот на кабинетот на каталонската влада во Барселона.

 

Шпанското правосудство во понеделникот издаде налог за апсење на двајца водачи на движењето за независност на Каталонија. Освен тоа, шпанскиот Врховен суд го прогласи за нелегален каталонскиот референдум од 1 октомври. Во образложението се вели дека законот за референдумот го повредува националниот суверенитет и „нераскинливото“ единство на шпанската нација. Судот оцени дека нелегална била и седницата на регионалниот парламент на која беше гласано за законот.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien