Четворица приведени за нападот врз Села добија 30 дена притвор

По предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, судија на претходна постапка определи мерка притвор во траење од 30 дена за четири лица кои се под истрага за сторено кривично дело Убиство во обид сторено во соизвршителство, од чл.123 во врска со чл. 19 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик.

 

Обвинителството, како што информираат оттаму, побарало притвор и за петтиот осомничен, но поради влошена здравствена состојба, за него судот дополнително ќе одлучува.

 

Зијадин Села беше меѓу пратениците кои беа најсурово нападнати и претепани на “крвавиот четврток“, кога толпа народ упадна во Собрание кога СДСМ прогласуваше собраниски претседател.

 

За учество во насилствата во Собранието вчера беа уапсени уште три лица, кои беа идентификувани со помош на граѓаните, откако по наредба на Обвинителството, МВР на својата веб-страница објави фотографии од нив направени за време на упадот во Собранието од 27 април.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien