Голманот на Вардар, Арпад Штербик по одличната партија против Барселона, покрај тоа што се најде во тимот на колото, тој беше прогласен и за најдобар играч во второто коло од Лигата на шамиони во ракомет.
Вардар одигра одлична одбрана на мечот против Барселона. Каталонците постигнаа само 24 гола, а големи заслуги за тоа одат на адреса на Арпад Штербик.
Голманот на Вардар имаше 15 одбрани од кои десет во првиот дел. Со одличните одбрани на дуелот со Барселона апсолутно заслужено го доби признанието за најдобар ракометар во петтото коло од Лигата на шампионите.
After shutting Barcelona’s attack down, it’s no surprise @HCVardar‘s Arpad Sterbik was chosen by you as the #veluxehfcl Player of Round 5! pic.twitter.com/puXnOxz1v3
— EHF Champions League (@ehfcl) October 18, 2017