Ветеранот во параглајдерство Миле Јованоски пред неколку денови го освои првото место, во дисциплината прецизно слетување, на два меѓународни турнири.
Едниот турнир беше организиран во Србија, во близина на Ниш, а другиот турнир се одржа во Маврово, во организација на параглајдерскиот клуб „Кондор“ од Гостивар, каде учествуваа параглајдеристи од Албанија, Косово, Македонија и Турција.
Со Јованоски поразговаравме и околу перспективите за развој на параглајадерството во Македонија и како уште повеќе да се афирмира овој спорт и тој т.н. алтернативен вид на туризам
Разговорот погледнете го во видеото.