Мермерното езеро во Прилеп откако беше афирмирано во јавноста стана вистинска хит дестинација за посетителите кои уживаат во неговата уникатна околина. Езерото уште го нарекуваат и „Прилепското памук кале“.
Езерото е настанато во напуштен рудник за мермер и е уникатно во целиот регион. Токму поради тоа, освен за посетителите кои сакаат да се капат во неговите води, тоа стана атрактивна дестинација и за снимање на спотови на повеќе музички ѕвезди. Не само од Македонија туку и од Балканот.
Последниот снимен спот таму е оној на Гаро Тавитјан насловен како „Ocean Dream“ заедно со Paula C.
Погледнете го ова видео.