Поради штрајк на грчките цариници затворена границата со Грција

Поради штрајк на грчките царински служби денеска ќе биде во прекин сообраќајот на државната граница помеѓу Република Македонија и Република Грција. Границата ќе може да ја поминат само пешаци.

 

Како што соопштија од МВР, на граничниот премин Богородица прекинот ќе биде 24-часовен, почнува денеска во 6 часот, исто како и на граничниот премин Меџитлија, каде прекинот е најавен од 6:30 часот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien