Државната изборна комисија на денешната седница треба да ги разгледа и да одлучи по приговорите од подносителите на листи на кандидати кои учествуваа на првиот круг од локалните избори.
Најмногу приговори поднесе ВМРО-ДПМНЕ, 43 а по еден има од ТМРО, Алијансата на Албанците и од Левица.
Против одлуката на Државната изборна комисија може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението.
Вториот круг на локалните избори е закажан за 29 октомври.