Светска банка ја намали прогнозата за Македонија: Раст од само 1.5 проценти на БДП

По меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка ги намали проекциите за растот на македонската економија годинава.

 

Според проценките објавени денеска во октомврискиот извештај за Европа и Централна Азија, насловен „Миграција и мобилност“, македонскиот Брутодомашен производ (БДП) во 2017 година ќе оствари раст од само 1,5 проценти. Следната година се очекува раст од 3,2 проценти, додека во 2019 година институцијата предвидува раст на македонската економија од 3,9 проценти. Во април годинава, Светска банка сметаше дека македонската економија ќе порасне годинава за 2,8 проценти.

 

Според Светска банка влијание на ваквите очекувања за раст од 1,5 проценти имала политичката нестабилност во првата половина од годината. Главни двигатели на растот се очекува да биде потрошувачката, поттикната од зголемувањето на вработувањата и инвестициите.

 

Загрижени од лошата политичка состојба во Македонија, инвеститорите се воздржуваа од нови деловни потфати. Намалените инвестиции допринесоа за намалување на растот за 1,3 процентни поени во 2016 година. Нето приливот на СДИ како учество во БДП, ќе се намали од 3,6% во 2016, на 2,6% за 2017 година.

 

ММФ пред десетина дена ја намали проекцијата за раст на македонската економија и предвиде дека годинава растот на БДП ќе биде 2,5 отсто, а 3,2 проценти вгодина.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien