Бунт во селекцијата на Шпанија: Рамос, Пике и Бускетс се закануваат со напуштање на „фуријата“

Facebook
Twitter
Email
Print

Националниот тим на Шпанија никако да мирува. Овој пат нов потрес во таа селекција предизвика отказот за тимскиот директор на репрезентацијата, поточно директорката Марија Хосе Кларамунт, која беше сменета од таа позиција од новиот претседател на Шпанскиот фудбалски сојуз, Хуан Луис Лареа.

 

Марка утринава објави дека Рамос, Пике и Бускетс почнале бунт против Федерација и претседателот и се заканиле дека нема да играат ни на Светското првенство ако Кларамунт не се врати на функцијата. Толку се налутиле што дури на претседателот му забраниле влез во соблекувалната. Меѓу другото, Лареа е обвинет за корупција, па можно е и да заврши во затвор.

 

„Во интерес на сите е Марија Хосе Кларамунт да остане со нас!“, изјави Рамос.

 

Марка додава дека односите помеѓу Хуан Лареа и тимот се затегнати повеќе од еден месец, а изостана и честитка за пласманот на мундијалот како и 100-от настап на Серхио Бускетс во дресот на „Црвената фурија“.

 

Шпанија во групата во која беше и Македонија го освои првото место, пред Италија, и обезбеди директен пласман на Светското првенство во Русија наредната година.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи