Кинеските научници развиваат супер моќен компјутер, кој ќе може да обработи квантион (билион билиони) операции во секунда. Компјутерот веќе е именуван како Тианхе- 3, а неговото доаѓање на маргините на 19-тиот Национален конгрес на Комунистичката партија на Кина, го најави Менг Ксиангфеи, еден од шефовите на Националниот супер-компјутерски центар.
Според него, тоа ќе биде компјутер побрз од моментално најбрзиот во светот, ќе може да комуницира со висок степен интелигенција, но, исто така, ќе биде корисен во традиционалните индустрии, како што се металска, создавање на бизнис модели, како и креирањето, на пример, проекти за цели мали „паметни” градови.
„Тој ќе го поддржи развојот на здравјето, помоќна и дигитализирана Кина. Токму сега Тианхе- 1, првиот кинески квадрилионски компјутер опслужува повеќе од 1.600 истражувачки институти во повеќе од 20 кинески провинции. Кина има намера да стане најмоќната технолошка сила во светот до 2035 година. Секоја година од студии излегуваат повеќе од 600.000 нови дипломци обучени за највисоки технологии“, рече Ксиангфеи.
Тој додава дека Кина ќе продолжи да вложува во новите научни и технолошки достигнувања, наведувајќи дека е многу задоволен што неговата земја станува иновативна и технолошки моќна нација.
Инаку, Кина беше светски лидер во науката и технологијата уште од времето кое му претходеше на владеењето на династијата Минг. А, потоа, во четиринаесетти век, овие активности беа значително намалени.
Четирите најпознати кинески откритија од тој период се хартијата, компасот, барутот и печатарската вештина.
Во деветнаесеттиот век, кинеските реформисти почнаа повторно да ја промовираат науката и технологијата како дел од политиката за зајакнување на земјата.
По Културната револуција, Кина брзо стана една од водечките светски технолошки сили, со инвестиции што сега достигнуваат неколку стотици милијарди долари годишно, а науката и технологијата денес се сметаат за престиж во постигнувањето на економски и политички цели.