ВИДЕО : Спектакл на вториот ден од „Мacedonian trophy 2017“

Љубен Динев и Димитар Нејков e екипажот од Бугарија кој е победник на годинешното второ по ред „Мacedonian trophy“ во категоријата hard trophy, кое денеска се одржа во мото арената Лагово кај Прилеп.

 

„Мacedonian trophy“ е единствена манифестација од овој вид во Македонија и нејзин организатор е клубот „Офф роуд Прилеп“. Денеска беше вториот ден од настанот, а вчера натпреварот се одржуваше во околината на Прилеп, при што учесниците требаше да изминат 30 километри и да поминат на 7 критични точки на стазата.

 

На манифестацијата учестуваа стотина натпреварувачи од Бугарија, Србија, Грција и Македонија.

 

И денеска екипата на Инфо Компас направи екслузивно видео од овој несекојдневен спектакл кој се одвиваше на специјално направената стаза за вакви спортови кај Лагово.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien