Видео: „Шкорпијата“ на Журу прогласена за најубав гол за 2017

Facebook
Twitter
Email
Print

Напаѓачот на Арсенал, Оливие Жиру ја доби Пушкаш наградата на ФИФА за најубав гол за 2017 година.

 

Во чест на легендарниот унгарски голгетер Ференц Пушкаш, од 2009 година се доделува наградата за најубав гол во календарската година, а ФИФА и годинава издвои десет гола, од кои трите најубави влегоа во финалниот избор.

 

Французинот од редовите на Арсенал во мечот против Кристал Палас на 1. јануари гo постигна водечкиот гол на масторски начин за славје на„Емирати“, a во оваа конкуренција беше подобар од номинираната Дејна Кастелјанос, младата репрезентативка на Венецуела до 17 години, и голманот на јужноамериканскиот тим Барока, Оскарин Масулуке.

 

„Ви благодарам многу. Чест ми е и среќен сум што ја добивам оваа награда пред фудбалските легенди кои се тука присутни. Им благодарам на сите луѓе кои гласаа за мене. Сакам да им честитам и на другите номинирани кои постигнаа прекрасни голови. Оваа награда сакам да му ја посветам на мојот татко“ – изјави Жиру.

 

Признанието за најубав гол го избираат фановите и специјална комисија на експерти.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи