Втора година по ред „The Best“ наградата од ФИФА во рацете на Роналдо

Facebook
Twitter
Email
Print

Како што можеше да се очекува, Кристијано Роналдо втора година по ред ја доби „The Best“ наградата на ФИФА и беше прогласен за најдобар играч од страна на светската куќа на фудбалот, а сето тоа секако се должи на неверојатните достигнувања кои ги оствари Португалецот минатата сезона, односно титулите во Лигата на шампионите и шпанската Примера.

 

Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар фудбалер во светот во изборот на Светската фудбалска асоцијација. ФИФА и магазинот Франс Фудбал оваа награда до 2016 година ја доделуваа заедно под името „Ballon d’Or“, меѓутоа во минатата година дојде до прекинување на соработката и ФИФА оваа награда сега ја доделува под името „The Best“.

 

„Им благодарам за сите кои го дадоа својот глас за мене, сметам дека Меси и Нејмар исто така заслужуваат да се на ова место. Мило ми е што фудбалските „оскари“ се во Англија за прв пат, а јас втора година во низа ја освојувам оваа награда. Им благодарам на фановите за поддршката низ сите овие години поминати заедно со „кралското“ семејство“, изјави Роналдо

 

Главни конкуренти на Португалецот за освојување на оваа награда му беа поранешните соиграчи од Барселона, Лионел Меси и Нејмар, сепак според многумина Роналдо заслужено стигна до престижната награда.

 

Роналдо со ова се израмни по број на вакви награди кои ги доделува ФИФА со Лионел Меси, па овие двајца сега имаат по пет и цела една деценија доминираат во освојувањето на овие индивидуални награди.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи