Црвен тепих и цвеќе за новата градоначалничка на Битола

Со црвен тепих и со букет цвеќе денеска во Општина Битола беше пречекана новата градоначалничка Наташа Петровска, која од денеска ја презеде функцијата. Во кабинетот ја дочека екс градоначалникот Владимир Талески, каде што го предаде клучот од Општината.

 

Талески рече дека ова е историски момент за Општина Битола бидејќи за првпат добива градоначалничка и прв човек на Општината со толку голем број на освоени гласови, односно над 31.000. Додаде дека Битола повторно наоѓа сили и капацитет за демократија.

 

Петровска пак изјави дека ќе ја искористи цела енергија и знаење за посветено да работи во интерес на Битола.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien