Голем подем на независните театарски групи во Македонија, меѓу нив и на „Чин 4 Сцена 5“ од Прилеп

Во последниот период независните театарски групи во Македонија доживуваат вистински подем и презентираат претстави со еднаков квалитет како оние на националните театри.

 

Меѓу нив е и училиштето за театар „Чин 4, Сцена 5“ од Прилеп, кое оваа година одбележува 11 години од неговото постоење. Основач на школата е Саша Нацевски, а низ неа досега поминале над 800 млади лица.

 

Последната претстава на оваа школа е „Аладин и Волшебната ламба“, која беше заеднички проект со танцовото студио „Зодијак“ од Прилеп и која беше еден вистински спектакл.

 

Нацевски вели дека професионалниот театар не треба овие групи да ги гледа како конкуренција туку како трезор од каде што ќе може да се вадат идни генерации на актери.

 

Тој додава и тоа дека државата троши огромни средства за претстави кои се играат само еднаш или неколку пати, претстави кои не се рентабилни и никој не досега не одговарал за тоа.

 

Уметникот според него треба да биде вечна опозиција, без разлика кој е на власт, но за жал тоа не било така кај нас. Така што останувало само на независната сцена да биде коректор на општествените текови. Нацевски нагласува дека политиката треба под итно да излезе надвор од театарот.

 

Целиот разговор може да го погледнете во видеото.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи