Саудиска Арабија планира да гради мега град, кој би чинел 500 милијарди американски долари, чиј покровител би бил принцот Мохамед бин Салман.
Салман во вторник го откри новиот проект: градот ќе се вика Неом, а ќе биде сместен на северозападниот брег на Црвеното море.
Градот, кој според плановите ќе се прошири на Египет и Јордан, ќе опфати 26.500 квадратни километри. Саудијците, исто така, имаат намера да изградат величествен нов мост меѓу Египет и Саудиска Арабија, што би ја поврзувал Азија со Африка.
За извршен директор на проектот Неом е назначен Клаус-Кристијан Клаинфелд, кој во периодот меѓу 2005 и 2007 година беше прв човек на Сименс во Германија.
Според него, проектот ќе донесе огромни пари на многу добар начин.