Евтината тарифа воведена во сите домаќинства

Од „ЕВН Македонија“ известуваат дека е завршена имплементацијата на дневната евтина тарифа за сите достапни броила.

 

„Во согласност со планот, приспособувањето на броилата се спроведуваше во период од четири отчитувачки недели, почнувајќи од 25 септември до 24 октомври. На екранот на секое приспособено броило се покажува Т2 индикатор во периодот од 14 до 16 часот секој работен ден и сабота“, се вели во соопштението.

 

Според ЕВН, нивните тимови ги посетиле сите мерни места, но потребата од физички контакт на тимовите со броилата го оневозможи спроведувањето на дневната евтина тарифа за недостапните броила.

 

„Ова значи дека броилата до кои немавме пристап сè уште не се приспособени, а тоа се најчесто викендички или моментно иселени корисници“, велат од компанијата.

 

ЕВН Македонија во наредните недели ќе продолжи со прилагодување на останатите броила кои беа недостапни, како дополнителен план за спроведување на дневната евтина тарифа.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien