Илија Јованоски ја презеде функцијата градоначалник на Општина Прилеп

Денеска во просториите на општина Прилеп, Општинската изборна комисија му го додели уверението на новоизбраниот градоначалник на општина Прилеп. Илија Јованоски е новиот градоначалник кој своето примопредавање го направи со претходниот градоначалник Марјан Ристески.

 

„Му го честитам на Илија Јованоски новиот четиригодишен градоначалнички мандат, му посакувам здравје пред се, успеси во работењето и да ги реализира сите проекти кои ќе бидат во интерес на граѓаните, а во оваа прилика сакам да посочам дека мојата градоначалничка улога завршува и од денеска ќе бидам лојален прилепчанец и Македонец“, посочи претходниот градоначалник Марјан Ристески.

 

„Најпрво сакам да му се заблагодарам на г-дин Марјан Ристески за денешниот прием, како и на Вас почитувани сограѓани сакам да Ви се заблагодарам за укажаната доверба која ми ја дадовте. Јас сум уверен дека ќе бидам градоначалник на сите граѓани на општина Прилеп и сите проекти што ми се ветени ќе бидат реализирани токму со ваша поддршка, посочи Илија Јованоски градоначалник на Прилеп.

 

За утре е закажана конститутивната седница на Советот на Општина Прилеп на која што ќе бидат верифицирани 27-те мандати на членовите на Советот. На таа седница ќе биде избран и новиот претседател на Совет.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.