Ристески : Со работа дојдовме – со работа си одиме

Помина уште еден циклус на локални избори на кои граѓаните го остварија своето граѓанско право и гласаа на истите,  како  што  тоа го правеа во минатото. Човек кога стапува на некоја функција со поддршка од граѓаните треба да ја оправда нивата доверба и се надевам дека не ја изневерив во овие дванаесет години и заедно со Вас работев чесно и пожртвувано за општина Прилеп. Мои драги прилепчани после овие локални избори дојде моментот да се разделам од вас со крената глава и да ја испочитувам Bашата искажана воља. Истакна на денешната прес конференција поранешниот градоначалник на Општина Прилеп, Марјан Ристески.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Дванаесет и пол години бевме заедно партнери и во арно и во лошо, бевме заедно  во интерес на развојот на градот и населените места од нашата општина и мислам дека во голем дел успеавме во тоа.

 

Мојот мотив за работа беа вашите идеи и потреби. Но има уште многу да се работи. Тука мојата градоначалничка мисија завршува, но продолжува мојата мисија понатаму како лојален прилепчанец  и Македонец.

 

Стандардите за работа на еден градоначалник во овие изминати години се кренаа на едно високо ниво и се надевам дека тоа ќе продолжи  во нагорна линија во интерес на развојот на градот и општината .

 

Во  оваа прилика сакам да истакнам голема благодарност на сите мои соработници и тимот со кој што неуморно работевме овие 12 години со многу успешно реализирани проекти.

 

Со работа дојдовме – со работа си одиме

 

Во тек на реализација оставаме многу капитални проекти значајни за иден развој на градот : Во завршна фаза е прочистителната станица со канализационите системи, се работи градскиот стадион Гоце Делчев,новите погони во Гентерм,Акомпласт и новата фабрика БИК кои треба да отворат 2000 нови работни места,новите инвестиции во индустриската зона Прилеп 1 , отпочнување со реализација на проектот Крижен тек Табана со булеварска улица,градинка во основното училиште Рампо Левката, Основното училиште во населба Сточен пазар, капелата во старите градски гробишта и многу други.

 

Да се заблагодарам на луѓето од Локалната Самоуправа , Јавните претпријатија ,да се заблагодарам на Бизнис Секторот ,Невладини организации,спортисти ,пензионери ,земјоделци,новинари,образовни работници ,другари,пријатели мои подржувачи …

 

Да се заблагодарам и на мојата партија ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери кои што дадоа максимум на овие локални избори ,и да ја истакнам  нивната пожртвуваност и напорна работа, работевме како едно семејство.

 

Да се заблагодарам и на сите оние кои излегоа на гласање, а гласаа за другата опција со надеж за подобар Прилеп.

 

Му го честитан четири годишниот мандат на г-динот Јованоски и му посакувам пред се здравје,успех и реализација на сите ветени проекти на граѓаните.Се надевам како што е успешен доктор дека ке биде  и успешен градоначалник.

 

На крајот да му честитам на новиот состав на Советот на Општина Прилеп кои се надевам дека ќе ги застапуваат интересите на сите , ќе бидат претставници на сите граѓани .

 

Да живее ПРИЛЕП И РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ! “

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien