Само 20 месеци преоден период по Брегзит

Facebook
Twitter
Email
Print

Европската унија веројатно ќе и предложи на британската премиерка Тереза Меј преоден период по Брегзит од само 20 месеци, пишува британскиот весник „Гардијан“, повикувајќи се на високи дипломатски извори во Брисел.

 

Во говор во Фиренца кон крајот на септември, Меј официјално побара преоден период од „околу две години“ за ублажување на последиците од излезот на Велика Британија од ЕУ во март 2019 година, во кој Обединетото Кралство би останало во единствениот европски пазар и царинската унија.

 

Високи функционери од ЕУ сметаат дека најверојатно евентуалниот договор за напуштање ќе предвидува Велика Британија да излезе од правните структури на заедницата на 31 декември 2020 година.

 

Британскиот парламент ќе гласа за прифаќање на владиниот договор за излегување од Европска унија до декември 2018 или јануари 2019 година, доколку продолжат преговорите со Брисел како што е очекувано, изјави денеска министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис.

 

„Доколку биде според временската рамка која Мишел Барние (ЕУ преговарач) ја очекува или сака да ја следи, а станува збор за октомври 2018 година, најверојатно Европскиот парламент ќе гласа во декември или во јануари. Ние тоа ќе го ставиме на гласање пред тоа“, истакна Дејвис пред Парламентот.

 

Засега не се донесени решенија по ова прашање, а останатите 27 земји од ЕУ сè уште не разговарале официјално за условите на евентуален преоден период. Тие само се согласија да го направат тоа на крајот на состанокот на Европскиот совет минатиот петок.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи