Во Прилеп одбележан православниот празник Св. Петка – Петковден

Со Божествена литургија, со која чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско – Пелагониски Г. Петар, во црквата Св. Петка денеска во Прилеп беше одбележан големиот православен празник Преподобна Параскева или кај народот познат како Петковден. На литургијата присуствуваше и градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, која на сите православни верници им го честиташе празникот и им посака, здарвје, успех и љубов.

 

„Денеска е големиот празник Петковден кој го слават нашите сограѓани и ова е првата од зимските слави. На сите верници им го честитам празникот, им посакувам пред се здравје, среќа, да имаат љубов во своите домови. Прилеп и прилепчани имаат традиција да ги чествуваат овие слави кои се одбележуваат со векови наназад, мислам дека и идните генерации ќе продолжат да го прават тоа и да ги чуваат семејните вредности кои се неминовни во нашето општествено живеење, затоа што семејните вредности се ненадминливи. Мојата домашна слава е Свети Никола, таа се совпаѓа со славата на нашиот град и оваа година ќе продолжиме да ја одбележуваме и уште сега ги поканувам сите верници и граѓани заедно да ја прославиме таа градска слава“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Јованоски нагласи дека локалната самоуправа и понатаму ќе продолжи да ја поддржува изградбата на црквите и параклисите во Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien