Екс градоначалникот на Битола повторно ќе биде глумец ?

Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, се враќа на своето работно место во Народниот театар Битола. Денес тој бил во просториите на Националната установа да ги заврши правните процедури за враќање во својата матична куќа.

 

Имајќи во предвид дека од неговото заминување во политиката, репертоарот на театарот е целосно променет, засега е неизвесно кога ќе биде камбекот на Талески на штиците што живот значат.

 

До крајот на годината, битолскиот театар има предвидено уште една премиера, за која улогите се веќе поделени, па поранешниот градоначалник веројатно не ќе може да се појави пред публиката уште неколку месеци.

 

Во меѓувреме, Талески ќе треба да се појавува на судски рочишта за процесот „Транспортер“, во кој Талески и дваесетина негови соработници се обвинети дека го оштетиле буџетот на општината за 360.000 евра.

 

Според интернет екциклопедијата Википедија,

 

Инаку, според Википедија, Талески работел како глумец во Народниот театар Битола од своето дипломирање во 1983 година, па сѐ до изборот за градоначалник на Битола во 2005 година. Одиграл голем број улоги на многу сцени во земјава и странство. Освен со актерство, Талески се занимавал и со пишување на текстови за театарски претстави и сценарија за телевизиски серии.

 

Настапувал во телевизискиот филм „Мугра“, како и во играните филмови „Јужна патека“, „Хај-Фај“ и „Тајната книга“. Покрај тоа, според Википедија, Талески имал режирано 12 театарски претстави, 7 документарни филмови и повеќе новогодишни претстави за деца, промотивни и други музички манифестации. Исто така, Талески се појавил во културно – образовните емисии за млади „Црвено, жолто, зелено“, играјќи го ликот на студентот Диме и во „Здраво генијалци“ играјќи го ликот на забавниот Двојче. За својата професионална работа има добиено повеќе награди и признанија, како наградите „Војдан Чернодрински“ три пати и „4 Ноември“ два пати.

 

Пред да добие диплома за глумец, Талески дипломирал психологија на Филозофскиот факултет во Скопје.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien