Светот брои над 1500 милијардери

Според новиот извештај на швајцарскиот банкарски гигант УБС, бројот на милијардери минатата година се зголемил  на 1.542 милијардери, што е за десет отсто повеќе во однос на 2015 година, најмногу заради новиот „бран“ од Азија.

 

САД со 563 се дом на најмногу милијардери од било која земја во светот и тие го контролираат најголем дел од богатството, односно 2,8 илјади милијарди долари, споредено со минатата година од 2,4 илјади милијарди долари.

 

Но Кина и Индија брзо напредуваат во ова поле. Три четвртини од ново-калените милијардери во светот од 2016 година се од Кина и од Индија и ако овие трендови продолжат, ќе бидат потребни само четири години за вкупното богатство на милијардери од Азија да ги надминат американските милијардери, според УБС.

 

Вкупното богатство контролирано од страна на ултрабогатата група достигна до шест трилиони долари (5,1 трилиони евра), што претставува зголемување од 17 отсто во однос на претходната година кога богатството на милијардерите всушност се намалуваше, се наведува во извештајот.

 

Групата од 1.542 милијардери поседува или делумно ги контролира компаниите кои вработуваат 27,7 милиони луѓе.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien