СДСМ : Од денеска сите имаат евтина тарифа за струјата

Од денеска ветувањето за евтина тарифа на струјата е целосно исполнето. Секое домаќинство може да користи евтина тарифа на струјата секој ден од 14 до 16 часот, како и од 22 часот в сабота до 7 часот в понеделник. Ова значи пониски сметки за електрична енергија и повеќе пари во семејните буџети, соопшти СДСМ.

 

 „Укината е и радиодифузната такса, со што дополнително се намалуваат трошоците за живеење и остануваат повеќе пари кај граѓаните. Владата предводена од СДСМ продолжува со одговорното, домаќинско и транспарентно работење, што обезбедува можности за сите и повеќе пари кај граѓаните“, се вели во соопштението од СДСМ.

 

Од партијата додаваат дека по заокружувањето на промените на локалните избори, таквиот пристап во работата продолжува и на локално ниво кога новите општински администрации предводени од СДСМ ќе работат одговорно и во интерес на сите граѓани.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien