Панчев и Најдовски и официјално признати како светски клупски шампиони

Facebook
Twitter
Email
Print

Дарко Панчев и Илија Најдовски сега веќе и официјално се признати како светски клупски шампиони, по одлуката на ФИФА да го признае нивниот триумф во Интерконтиненталниот куп од 1991 година со екипата на Црвена Звезда од Белград.

 

Белградска Црвена звезда во финалето во Токио 1991 година го совлада првакот на Јужна Америка, Коло Коло од Чиле со 3-0. На тој натпревар за Црвена звезда настапија и двајца македонски фудбалери, Илија Најдоски во својство на капитен и Дарко Панчев, кој беше стрелец на еден гол.

 

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) одлучи сите тимови-освојувачи на Интерконтиненталниот куп што биле победници во периодот од 1960 до 2004 година, официјално да ги прогласи за светски прваци.

 

До 2005-та во Интерконтиненталниот куп играа прваците на Европа и на Јужна Америка, по што во тоа натпреварување беа вклучени и клубовите од други континенти.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи