„Into the darkness“, фотографија на Марјан Темовски од Прилеп доби трето место на ЕХО Фестивалот

„Into the darkness“, фотографија на Марјан Темовски од Прилеп е избрана меѓу трите најдобри фотографии на конкурсот на ЕХО Фестивал на планински филм.

 

„Благодарност до жирито за изборот! Желбата со конкурирањето ми беше пештерите да се застапени на конкурсот. Ова е повеќе од што очекував“, пишува на својот ФБ профил Темовски.

 

Честитки за наградата до Темовски и од редакцијата на Инфо Компас.

 

Другите награди од ЕХО Фестивал на планински филм за фотографија се :

 

1. место – Karadzica Peaks Автор: Доријан Миловановиќ

 

Наслов: Karadzica Peaks
Автор: Доријан Миловановиќ

 

2. место – At 6AM/Во 6 часот наутро Автор: Елена Маркова

 

Наслов: At 6AM/Во 6 часот наутро
Автор: Елена Маркова

 

3. место – Into the darkness Автор: Марјан Темовски

 

Наслов: Into the darkness
Автор: Марјан Темовски

 

Трочленото жири кое работеше на филмскиот сегмент од фестивалот составено од Ендру Гудспид, Професор Др. Ферид Мухиќ и Влатко Галевски, пак, имаше задача да ги одбере најдоброто кратко видео од конкурсот, како и најдобрите краткометражни и долгометражни филмови.

 

Најдобро кратко видео – „Очи” – Александар Панајотов

 

 

За најдобро видео беше одбрана инспиративната и длабоко емиционална приказна која се обработува во видеото насловено како „Очи” на Александар Панајотов, а специјална одлика доби видеото HIKE & FLY на Горан Кузмановски.

 

Специјална одлика – HIKE & FLY Горан Кузмановски

 

 

 

 

За најдобар краткометражен филм беше избран фантастичниот Being Hear на Палмер Морс, а Гранд При наградата за најдобар долгометражен филм ја доби Одметник – легендата за Фред Беки на режисерот Дејв О’Леск. Специјална одлика доби филмот Во Гора на Енди Колет со кој и беше затворено ова издание на ЕХО.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien