Германската ВИК ја интензивира соработката со Општина Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски денеска оствари средба со претставници на германската компанија ВИК (WIK) за производство на апарати за кафе, којашто наскоро ќе започне со работа во ТИРЗ зоната кај Алинци во Прилеп, со капацитет на површина од 20.000м2.

 

На средбата извршниот директор Кристоф Дорн, го информираше градоначалникот Јованоски, за текот на реализацијата на инвестицијата и изградбата на погоните. Според Дорн инвестицијата ќе финишира во втората половина на идната 2018 година, кога треба да започне со работа со полн капацитет.

 

Со оглед на отворената поддршка на градоначалникот Јованоски и најавите дека Општина Прилеп ќе ја понуди целата своја логистика за да ја стимулира оваа странска инвестиција, извршниот директор Дорн, соопшти дека се планираат и следни чекори во втора и трета фаза. Ова практично ќе значи проширување на капацитетите на дополнителни 10.000 м2.

 

„Ја поздравувам вашата инвестиција. Новата локална власт и јас како градоначалник целосно ги поддржуваме вашите напори и заложби за реализација на оваа инвестиција. Стоиме на располагање како логистика во сите сфери, со цел да се интенвзивираат инвестиционите циклуси. Стимулирање на нови странски инвестиции и отворање на нови работни места, се елементите на економскиот развој на Прилеп, кој пак е еден од столбовите на мојата изборна програма“, рече градоначалникот Јованоски.

 

Оваа е само првична средба на градоначалникот Јованоски со претстваниците на ВИК. Соработката продолжува.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien