За еден наставен предмет ќе има повеќе учебници

Министерството за образование ќе го менува Законот за учебници за основно и средно образование објавено е на Единствениот електронски регистар на прописи, ЕНЕР. Целта на промените е да се зголеми бројот на одобрените учебници за еден наставен предмет, осовременување на одобрените учебници за употреба во основните и средните училишта и подобрување на квалитетот на учебниците.

 

Ќе се менува и Законот за високото образование. Министерството предвидува реформи за автономијата за високообразовните установи, наставно-научниот кадар, квалитетот, финансирањето, студиските програми.

 

Целта на промените во Закон за средното образование е подобрување на воспитно-образовниот процес во средните училишта, подобрување на условите за работа на наставниот и друг кадар во училиштата, поедноставување на одредени административни процедури, подобрување на начинот на водењето на педагошката евиденција и документација, како и други реформи, а со цел на генерално зголемување на квалитетот на средното образование.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien