Каталонија би можела да добие поголема автономија

Facebook
Twitter
Email
Print

Разрешениот каталонски лидер Карлес Пучдемон пристигна на работа во седиштето на регионалната Влада, на првиот работен ден по едностраното прогласување на независноста на Каталонија.

 

Пучдемон утрово на социјалните мрежи објави фотографија од неговото работно место со порака „Добро утро“, и покрај тоа што шпанската влада го разреши со примена на членот 155 од Уставот.

 

Освен Пучдемон, на работа  пристигна и претседателката на каталонскиот парламент Кодарме Форкадељ. Сепак, околу 200 илјади јавни службеници во Каталонија би требало да примаат директни наредби од Мадрид.

 

Шпанскиот премиер Мариано Рахој претходно најави дека нема да му дозволи на лидерот на Каталонија, Карлес Пучдемон да управува со регионот, но влезот утрово нему и на министрите им е дозволен за да си ги соберат своите работи од канцелариите.

 

Шпанскиот министер за надворешни работи пак, Алфонсо Дастис, не ја отфрли можноста актуелната криза во Каталонија да доведе до проширување на нејзината автономија.

 

„Независноста на Каталонија ја исклучувам, но не и широка автономија, иако и сега Каталонија е еден од регионите со најшироки овластувања, не само во Шпанија, туку и во светот“, изјави Алфонсо

 

Според него, каталонскиот лидер Пучдемон, кој во саботата беше сменет од Мадрид поради прогласувањето независност на Каталонија, теоретски може да учествува на регионалните избори во декември. Шпанскиот дипломат ги предупреди поддржувачите на независноста на Каталонија дека изборите ќе се одржат согласно законот и нивните резултати ќе треба да се почитуваат.

 

Аналитичарите оценуваат дека Шпанија влегува на „потенцијално опасна територија“, бидејќи официјален Мадрид ќе почне со воспоставувањето директна контрола над Каталонија, како одговор на еднострано прогласување независност на регионот.

 

Медиумите во Каталонија наведуваат дека каталонската влада смета дека не е распуштена и покрај тоа што шпанскиот премиер Марјано Рахој ја распушти со активирање на членот 155 од Уставот и свика избори за 21 декември. Тие напоменуваат дека во Службениот весник, ниту е објавна смената на владата, ниту пак Декларацијата за независност.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи