Врие во соблекувалната на Реал: Перез ги продава „најдобрите“!

Реал Мадрид лани целосно доминираше на шпанската и европската фудбалска сцена, освојувајќи ги клучните трофеи во Примера дивизион и во Лигата на шампионите.

 

Европскиот и шпанскиот шампион на стартот на сезоната делуваше сигурно и силно како и минатата сезона. Лесно ја преслуша Барселона во шпанскиот Суперкуп, а истото важи и за дуелот со Манчестер јунајтед во Скопје во рамки на европскиот Суперкуп.

 

Но, проблемите за Зинедин Зидан започнаа во Примера и тоа на домашен терен. „Кралевите“ ремизираа со Леванте и Валенсија, а загубија од Бетис, по што беше јасно дека нешто не е во ред во тимот. Последнито натпревар со Џирона, кој Реал го загуби со 2-1 го потврди токму тоа.

 

Шпанскиот фудбалски портал „Дон Балон“, кој е склон на сензационализам, пишува дека претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез по првенствениот пораз од Џирона, донел одлучи која ќе има големи последици.

 

Претседателот на Реал Мадрид се чини нема да биде премногу сентиментален, бидејќи шпанските медиуми тврдат дека е подготвен да се ослободи од Крос, Модриќ, Марсело, Бензема, па дури и Роналдо, доколку понудите бидат адекватни.

 

Зинедин Зидан од друга страна, не може да си дозволи да остава на клупата големи имиња кои го задолжиле клубот со своите игри, поради што на крајот пати резултатот. Сега останува да видиме како Зидан ќе реагира и дали ќе може да го врати тимот на старите патеки од минатата сезона, кога Реал Мадрид испиша историја со тоа што ја одбрани титулата во Лигата на шампиони.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien