„Дуинг бизнис“: Македонија 5-та во Европа и 11-та во светот

Македонија е рангирана на 11-то место во најновиот извештај на „Дуинг бизнис“. Ова е пад за едно место од минатогодишниот извештај, кога Македонија беше на 10-то место во групата најдобри држави за водење бизнис во светот.

 

Во извештајот на Светска банка за Македонија се наведува и дека оценката за земјава е намалена од ланската, откако аналитичарите на Светска банка не забележале ниту една реформа во изминатава година.

 

Македонија останува на 5-то место во Европа, веднаш позади Данска, Обединетото Кралство, Норвешка и Шведска.

 

Во топ 20-те држави на новиот извештај има 18 високо развиени економии кои се едни од најнапредните држави во светот и 2 средно развиени држави, односно Грузија и Македонија.

 

Во најновиот извештај „Дуинг бизнис“, Македонија е на 4-то место за заштитата на помалите инвеститори и на 12-то место за добивање кредит, што е подобрување од минатогодишниот извештај. Послабо е оценета за добивање градежни дозволи, на 26-то место, и почнување на бизнис на 22-то место.

 

Извештајот „Дуинг бизнис“ влијае врз одлуките на идните инвеститори во државите што се оценуваат. Во најновиот извештај, Македонија сè уште е една од најдобро рангираните држави во Европа. Има промена и на првото место, сега Нов Зеланд е пред Сингапур.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien