Велика Британија ги советува граѓаните на ЕУ да си одат дома

Facebook
Twitter
Email
Print

Британското Министерство за внатрешни работи ги предупредува граѓаните на ЕУ кои се наоѓаат во центрите за задржување дека треба да ја напуштат Велика Британија, за да „избегне да не се претворат во пропаднати и сиромашни”, пишува весникот „Гардијан”. Весникот коментираше исто така дека владата го зајакна својот тон кон граѓаните на ЕУ.

 

Во писмото на Владата, напишано од името на министерот за внатрешни работи Руд преку  весникот „Обзервер”, исто така се советуваат граѓаните на ЕУ дека треба да размислат за напуштање на Островот, бидејќи имаат „право слободно да патуваат во ЕУ и можат да живеат, учат и во повеќето случаи работат во која било земја на ЕУ “.

 

Во писмото, кое е со датум од 18 октомври и е подготвено од вработените од  одделот за имиграциони прашања кон Министерството, се вели уште дека е одбиена молба за итно сместување на романски државјанин, кој е во притвор. Властите наведуваат дека тој треба да побара друга држава.

 

„Вие можете да избегнете да се претворите во сиромашни ако се вратите во Романија или друга земја-членка, каде што можете да добиете пристап до сите ваши права утврдени во Европската конвенција за човекови права“, се појаснува во писмото.

 

Притвор и присилната протерување на државјани на ЕУ од Британија нагло се зголемило по  Брекзит, што предизвика критики дека Министерството за внатрешни работи намерно  цели кон граѓани од ЕУ како дел од „непријателската средина”.

 

Според податоците, 5.301 луѓе биле протерани од Велика Британија  за една година,до јуни 2017 година.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи