Повеќе од 200 лица загинаа при инцидент во главната нуклеарна постројка во Северна Кореја, известуваат денеска медиумите од Јапонија и Јужна Кореја.
Трагедијата се случила во нуклеарната база Пунгје Ри на североисток на земјата на 10 октомври, но за инцидентот се дознало дури денес.
Околу 100 луѓе настрадале кога се урнал недовршен тунел во севернокорејскиот нуклеарен објект, а уште 100 загинале додека се обидувале да ги спасат затрупаните работници. Допрва треба да се испитува дали е дојдено до протекување на радиоактивен материјал.
Пунгје Ри беше местото каде што беше извршено нуклеарното тестирање на 3 септември. Не се знае дали тоа е причината за уривањето на тунелот.
Вчера Јужна Кореја предупреди дека уште еден нуклеарен тест на тоа место ќе доведе до колапс на планинскиот објект, што би предизвикало смртоносно истекување радиоактивни материи.