Видео: Грчки навивач влезе на терен да го бакне Меси – реакцијата на Аргентинецот го воодушеви светот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Лионел Меси не успеа да направи разлика и да му донесе победа на својот тим на гостувањето во Пиреја кај Олимпијакос, без оглед на тоа што беше убедливо најактивен фудбалер на Барселона кој во неколку наврати одлично го проигра неефикасниот Суарез.

 

Покрај тоа што мечот заврши со најнепопуларниот резултат 0:0, фудбалските фанови во Грција имаа можност да гледаат еден од најдобрите тимови во Европа, а двајца од нив не ја пропуштија шансата да влетаат на теренот и да имаат блиска средба со Меси.

 

Како и секогаш, Аргентинецот крајно позитивно одговори на влетувањата на „натрапниците“.

 

Меси одеше према корнер знамето да изведе прекин кога го застана едно младо момче. Навивачот успеа некако да му побегне на обезбедувањето, стигна до Меси и го прегрна, а потоа и го бакна. На Меси тоа не му сметаше, па му ја возврати прегратката и го воодушеви целиот свет.

 

 

На вториот фан, кој всушност го прекина мечот на 20-тина секунди и предизвика хаос на теренот поради тоа што беше бркан од обезбедувањето, му овозможи селфи фотографија за паметење со својот идол.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи